Две нови индустриски зони ќе отвори општина Велес до село Караслари и во близина на местото каде реката Бабуна се влива во Вардар. Информацијата ја потврдија и од локалната власт. Општината ќе подготви терен над 10 хектари на кој планира да се развие бизнис. Она што ќе ги разликува овие две индустриски зони од веќе постоечките е големината на плацовите. Иако праксата говори дека помалите плацови побрзо се продаваат, сепак од Општината се одлучиле и за урбанизација на поголеми површини. На тој начин се надеваат дека ќе привлечат посериозни инвеститори. Посериозните инвеститори бараат многу поголема површина од тоа што досега се продаваше. Ако досега без проблеми ги продававме парцелите од 1000-2000 метри квадратни сега сакаме да урбанизираме градежни парцели помеѓу 10 и 20 000 квадрати, а за одредени намери и со 100 000 квадратни метри. Постапката за изградба на зоните ќе биде брза.
Две нови индустриски зони ќе отвори општина Велес до село Караслари и во близина на местото каде реката Бабуна се влива во Вардар. Информацијата ја потврдија и од локалната власт.
Општината ќе подготви терен над 10 хектари на кој планира да се развие бизнис. Она што ќе ги разликува овие две индустриски зони од веќе постоечките е големината на плацовите, јави порталот Лисица.
Иако праксата говори дека помалите плацови побрзо се продаваат, сепак од Општината се одлучиле и за урбанизација на поголеми површини. На тој начин се надеваат дека ќе привлечат посериозни инвеститори.
„Посериозните инвеститори бараат многу поголема површина од тоа што досега се продаваше. Ако досега без проблеми ги продававме парцелите од 1000-2000 метри квадратни сега сакаме да урбанизираме градежни парцели помеѓу 10 и 20 000 квадрати, а за одредени намери и со 100 000 квадратни метри“, вели Горан Петров градоначалник на Општина Велес.
Постапката за изградба на зоните ќе биде брза, смета градоначалникот Петров.
Индустриските зони се надвор од населено место, па процедурата за донесување на урбанистички план е побрза. Единствено останува да се направи добра координација со ресорните Министерства и за неколку месеци работите можат да се завршат.
„Она што сметам дека е посебно важно за општина Велес е да има е подготвени индустриски зони или терен за идните инвеститори ведаш да ја отпочнат процедурата за добивање градежна дозвола и отворање погоди“, вели Петров.
Дали двете нови индустриски зони ќе донесат економски просперитет во градот? Веќе постоечките засега не ги оправдаа очекувањата. Посебно Речани 2 каде Општината ги вложи сите средства кои ги доби како награда од ЕУ на натпреварот „награда за Општините“.